Мајка Тереза обвинета за „верска злоупотреба“ на својата мисија


Угледниот хиндуистички верски лидер Мохан Багват ја обвини Мајка Тереза за „злоупотреба на нејзината хуманитарна мисија“, тврдејќи дека таа затскриено работела за „преобратување“ на лугето во христијанската религија, пренесува МИА.

– Делувањето на Мајка Тереза може да се означи како добро, но има една забелешка, а тоа е преобратувањето на луѓето на кои им помагаше во христијани, изјави Мохан Багват, зборувајќи на една религиозна церемонија во Раџастан.majka tereza

Не се познати мотивите за ваквиот неочекуван напад врз хуманитарната мисија на Мајка Тереза, која за својата 50-годишна работа во Калкута во 1979 година доби Нобелова награда за мир, но тоа предизвикаа бурна реакција во индиската политичка јавност и силни осуди на социјалните мрежи.

Во Индија Багват важи за моќен лидер на Организацијата на хиндуистичките националисти (РСС), која е близок сојузник на владеачаката Индиска народна партија (БЏП) на премиерот Нарендра Моди.

Изјавата на Багват доаѓа само неколку дена по ветувањето на индискиот премиер дека ќе ги заштитува религиозните слободи во земјата. Ова ветување на Моди требаше да биде одговор на Владата на зачестените напади врз христијанските цркви и верски објекти во реонот на Њу Делхи.

Опозицискиот Индиски национален конгрес остро реагираше на навредливите изјави на Багват. Претставник на партијата побара јавно извинување за Мајка Тереза од владеачката БЏП и најави дека Конгресот ќе побара дебата за ова прашање во индискиот Парламент.

Мајка Тереза работеше половина век помогајќи им на најсиромашните луѓе во реонот на Калкута и создаде хуманитарна мисионерска организација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1