Мајка уапсена затоа што му удрила шлаканица на синот


Мајка од Перт заврши во затвор, откако го удрила својот четиригодишен син. Овој случај стана тема на дискусија низ целиот свет – дали е оправдано физичкото казнување на децата.

Имено, полицијата ја обвини мајката за напад откако еден очевидец го пријавил инцидентот, кој се случил во трговски центар. Сопругот тврди дека неговата сопруга не била свесна дека го удрила детето, затоа што на сите можно начини претходно се обидела да го смири.slakanica-540x320

– Го удри несвесно, но сепак го стори тоа. Тој беше хистеричен, а таа го удри, иако тоа сигурно не го сакала, рече тој.

Сопругот изјави дека набргу потоа полицијата ја запрела жената во паркот и ги испитале нивните три деца, а подоцна и ја уапсиле во семејниот дом и ја одвезле со полициско возило.

Мајката (30) сега чека судење кое е закажано за 12 март. Нејзиниот сопруг тврди дека таа нема досие, како и дека нивните деца никогаш не биле повредени.

– Ниту едно од моите деца намаат модринки на лицето. Тие сега се срамат што нивната мајка е во неволја и постојано плачат, рече сопругот.

Инаку и во Србија неодамна се дигна прашина околу оваа тема кога психијатарот Зоран Миливојевиќ ги изнесе неговите ставови за физичкото казнување на деца. Иако во почетокот се чинеше дека го одобрува физичкото казнување, тој тврди дека треба да се прави разлика меѓу злоупотребувањето и телесно дисциплинирање на детето.

– Телесното казнување (удирање со отворена рака или со прстите го задникот) не е исто што и физичкото злоупотребување или понижување на детето. Тоа е многу помала повреда на „детските права на телесниот интегритет“, отколку што е давање инјекција, која детето не сака да ја прими. Факт е дека некои деца може да се воспитуваат без телесни казни, но има ситуации кога телесното казнување може да биде единствен и најдобар начин. Кога дете е мало, а не е во состојба да разбере некои последици од своите постапки, со кои се доведува себе или другите во опасност, телесната казна ја намалува веројатноста дека детето ќе ја повтори постапката.

Кога детето е агресивно и насилно кон другите деца, животните и возрасните, телесната казна овозможува детето да разбере дека и другите ги боли исто како што и него го боли. И конечно, кога детето одбива да прифати други казни и да го промени однесувањето, на родителот му останува единствено да примени сила за да го контролира детето, вели др. Миливојевиќ.

Многумина не се согласни со неговото мислење, сметајќи дека физичкото казнување не смее да постои во никаков случај. Претставниците од психотерапетвската струка, државни и независни органи се залагааат за усвојување закон кој би го забранил физичкото казнување на деца, порачувајќи дека авторитетот не треба да се заснова на страв.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1