Пред неколку дена, на температура под нулата, на улица беа буквално исфрлени мајката Мара Трајковска и нејзините двајца синови. После долгогодишните барања за откуп на станот, со уредна документација, тие се оставени без покрив над главата. Рекоа дека покуќнината им била грубо фрлена надвор.
Мара Трајковска- Во моментов ние сме на улица. Јас и моите двајца синови. Избркани од станот во кој живеевем 25 години. Ние немаме друг стан, ова ни е единствен покрив над главата. Не исфрлија, дел од покуќнината ни е надвор, дел по пријатели.
Чедо Трајковски работеше во бившата ЈНА, и преку редовна документација доставена во воено-станбено го добивме овој стан. Кога се распадна Југосалвија тој продолжи да работи во АРМ и кога се доделуваа становите со откуп ние не бевме во можност да го откупиме затоа што останавме со една плата, со две малолетни деца од кои едното ни беше болно. Чедо подоцна беше на суд, но тие му рекоа дека сме диво вселени и дека немаме право на откуп на станот.
Ние не сме диво вселени во тој стан, 25 години таму живееме со уредни и исправни документи. Документи за договор за користење на стан, потврда од Министерство за одбрана на РМ и Генералштаб за откуп на станот, извесување за откуп на службените станови. Во 2010 -та година во Министерството за транспорт и врски имаме поднесено барање за откуп на станот. Во 2013- та година добиве известување од ПУИК во рок од 8 дена да го испразниме станот и да ги дадеме клучевите. Чедо поднесе тужба и повторно барање за откуп на станот.
На судењето не бевме повикани јас и нашите деца. Кога ја доби конечната пресуда Чедо го напушти станот а ние останавме тука да живееме. Повеќе пати сама поднесов барање до ПУИК за откуп на станот а тие само ме известуваат дека тој стан нема да се откупува, бидејќи се спрема за рушење. Инвеститор на новиот објект е Ванчо Чифлиганец.
Целата сторија на – budnost.mk