Мајката која си го фрли детето од зграда во Хиподром ќе одговара за убиство во обид


Кривична пријава е поднесена против мајката која минатиот месец го фрли од балкон нејзиниот шестгодишен син. Таа се товари за убиство во обид, а ќе одговара пред судот откако ќе излезе од лекување на Клиниката за трауматологија.

zgrada hipodrom

Минатиот месец мајката по кавга со сопругот го фрли детето од балконот на петтиот кат, а по еден час и таа скокна. Според неофицијалните информации, жената имала психички проблеми, но и несогласувања со сопругот, каде што веројатно и лежат причините за нејзината реакција.

Против 37-годишната мајка која го фрли своето шестгодишно дете од петти кат во зградата во која живеат во скопската населба Хиподром, СВР Скопје поднесе кривична пријава за убиство во обид. Од падот детето имаше скршеници на главата и беше оперирано на Клиниката за неврохирургија, пред речиси три недели. Повредите што ги добило при падот не му оставиле трајни последици по здравјето. Мајката е се уште во болница.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1