Жената која го уби своето дете и е осудена на 11 години затвор сега може да ја посетуваат нејзините останати 4 деца. Одлуката предизвика згрозеност во јавноста.
34 годишната Росдип Адекоја го претепала брутално својот 3 годишен син Микаел Кулар. Кога два дена по тепањето, го нашла безживотното тело на детето во нивниот дом во Единбург, го ставила во куфер и го сокрила на оддалеченост од 25 километри од нејзината куќа, во близина на домот на нејзината сестра. Тогаш повикала полиција и пријавила дека Микаел исчезнал.
Следувала повеќедневна потрага по детето од страна на полицијата и бројни волонтери.
Деновиве The Sunday People објави дека сестрата близначка на Микаел и другите 3 деца на Росдип ја посетувале својата мајка во затвор.
– Фактот дека може да ги гледа децата во затвор е одвратен. Зошто да го има тоа право кога таа им го одзеде братчето – вели Џули Меклеод која лансираше кампања „Правда за Микаел“.
Таткото на Микаел, поранешен љубовник на Росдип, вели дека причината за убиството на детето е токму тој.
– Мислам дека го уби Микаел бидејќи не можеше да поднесе да ме гледа мене во него секој ден – вели Захид Саед.
Многумина сметаат дека казната од 11 години затвор за Росдип која ја доби по нејзиното признание за убиството, е премала. Таа според многумина требало да ја добие максималната казна за убиство – 35 години зад решетки. Вака, можно е за само 7 години да се најде на слобода./ извор: Дејли меил