Мислел дека со пари може да купи се: Професорите му приредија шок


Виктор Микула (18), син на романски тајкун максимално ги користи парите на својот татко: од доаѓање на школо со хеликоптер или Ферари, до возење со прескапи Мерцедес лимузини.

Сепак, и покрај сите материјални добра, заборавил зошто оди на школо – поради учењето. Така, се обидел да препишува на испит, што резултирало со бркање од училиште, пишува Дејли мејл.

Screenshot_68На новинарите им се фалел дека е подготвен и самоуверен пред матурскиот испит. По полагањето, истрчал од школо пред кое го чекала лимузина.

По неколку дена, се` добило свое објаснување. На огласната табла се појавиле резултати од испитот, на кои покрај неговото име стоело дека е избркан поради препишување.

– Ова му беше последна прилика да матурира, откако еднаш веќе падна на завршниот испит. Ова само покажува дека парите не можат да купат се`, но не верувам дека ова многу ќе влијае на неговата кариера, бидејќи секогаш може да се вработи кај татко му, рекол негов другар од школо.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1