Мајката на Џастин Бибер била силувана


Овие детали од животот на пејачот сигурно не сте ги знаеле! На неговата мајка не ѝ било лесно, но успеала и денес е горда на својот син.biber

Во прашање е Џастин Бибер, кој денес има 23 години и од тинејџерска ѕвезда прерасна во докажан професионалец. Меѓутоа, сето тоа не би било доколку неговата мајка Пети Мелет на 17 години не ја донела вистинската одлука и одбила да абортира.

Пети пред бременоста преживеала сексуално злоставување и сите последици што тоа ги носи. Чувствувала срам, лична вина поради сè што ѝ се случило, се обидела и да се самоубие. Тоа било кулминација на годините страдање, дрогирање, алкохолизирање. Сето тоа Пети го преточила и во книгата, која седум дена по објавувањето станала бестселер. Пети сакала своето искуство да им помогне на другите.

На 17 години била бремена со Џастин. Ја охрабрувале да абортира, но вели Пети, тоа за неа била неприфатлива опција.

– Едноставно, знаев дека не можам. Знаев само дека треба да го задржам. И да го дадам најдоброто од себе. Не знаев како сето тоа ќе го постигнам, но едноставно не можев да се откажам – рекла Пети.

Кога првпат го слушнала својот син како плаче, тоа, како што вели, било музика за нејзините уши, тоа ѝ звучело како да пее.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1