Грчкиот премиер Алексис Ципрас слабо јаде и малку спие и ретко успева да го види своето семејство, изјавила неговата мајка за еден грчки таблоид.
73-годишната Аристи Ципрас за неделникот „Параполитика“ изјавила дека нејзиниот син во последно време не јаде, не спие, но дека неговиот живот е таков и дека нема друг избор пренесува „Танјуг“.
– Тој има свој долг кон народот, кој ја положи својата доверба и надеж во него. Веќе ретко го гледам. Тој од аеродром оди право во парламентот. Нема време да ги види своите деца, како би можел пак мене да ме види – навела мајката на грчкиот премиер.
Госпоѓа Ципрас постојано му вели на својот син дека го направи најдоборото за својата земја и да се грижи за себе .
– Тој ми вели да не се грижам и дека се ќе биде во ред – додала Аристи.
Ципрас (40) минатата недела беше принуден да ја прифати болната спогодба за реформите од меѓународните кредитори на Грција за да го зачува местото на државата во еврозоната.