Мајката на монструмот од Раковица се огласи откако и се уби синот: Нејзините зборови зачудија многумина


Пет месеци откако монструмот од Раковица Марко Николиќ си ги убил детето и сопругата, а на 30. декември си пресудил и самиот себе, се огласи некој од неговото семејство. Неговата мајка, всушност рекла дека никој не сакал да ја слушне вистината за Марко.

– Пет месеци никој не ни се јави да ја слушне вистината! Никој не сакаше да ја слушне вистината за Марко – кратко рекла мајакта на Марко Николиќ (43), обвинет за убиство на поранешната негова жена Маjа Ѓорѓевиќ (38) и синот Михаил пред зградата на Центарот за социјална работа во Раковица.

Не објаснила што сакала со ова да каже, но сите останале зачудени од ваквата нејзина изјава.

Николиќ на 30. декември во притвор во Окружниот затвор во Белград со стакло си го пресекол гркланот, а набрзо по тоа подлегнал на повредите на Ургентниот ценар и покрај напорите на лекарите да го спасат.

Монструмот од Раковица во самоубиството дури го повредил и цимерот од ќелијата кој се обидел да го спречи да се убие.

Николиќ Итната помош го пренела на Ургентниот центар каде е итно опериран. По операцијата префрлен е на оделение за интензивна нега каде околу 22.30 часот починал.

Синот на Марко, Михаил на 26. декември требало да наполни 5 години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1