Мајката на најмладата жртва на нападот во Манчестер е во кома и не знае за смртта на својата ќерка


Меѓу жртвите на терористичкиот напад во Манчестер е и осумгодишната Сафи Роуз Русос, чија мајка е тешко повредена.

Таа се уште не знае дека нејзината ќерка загинала.

Со нив на концертот била и постарата ќерка, која е надвор од животна опасност.

Мајката на најмлада жртва на нападот, Лиза е хоспитализирана во Универзитетската болница во Манчестер и во моментов поради тешките повреди е во индуцирана кома.

Меѓу лекарите кои ја следат нејзината состојба се наоѓа и грчкиот пластичен хирург Јоргос Христопулос, кој за грчкиот медиум „Прото тема“ зборувал за нејзината здравствена состојба.

Како што изјави, телото на Лиза е цело со “дупки“ од клинците, шрафовите и металите со кои била наполнета импровизираната бомба.

„Не е во животна опасност, но се уште нема контакт со опкружувањето. Не ја пробудивме бидејќи ја чека уште една операција наредните денови и од таа причина не знае дека нејзината осумгодишна ќерка е почината“ – изјави Христопулос.

Овој лекар изјави дека размислува за моментот кога несреќната жена ќе дознае дека нејзината ќерка е меѓу жртвите.

„Претпоставувам дека штом ги отвори очите ќе праша за своите деца, но многу е опасно доколку веднаш и ја кажеме вистината. Тие трите биле многу блиску до експлозијата што се гледа по раните на телото на Лиза“ – изјави Јоргос.

Додаде дека и самиот бил шокиран од повредите кои ги видел на телата на родителите и децата кои пристигнале во болницата.

„Нема да претерам ако речам дека телата им се искасапени. Ситуацијата беше трагична“ – изјави Христопулос.

Што се однесува до другата ќерка на Лиза Русос, таа не е во животна опасност и се чувствува добро.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1