Само да ми кажат кој е убиецот и на мира да можам да одам од овој свет. Тој го уби моето дете, што ако е во опасност и Јана или било кој друг, вели Зорица Крсмановиќ.
Мајката на монструозно убиената пејачка на „Гранд“ Јелена Крсмановиќ Марјановиќ итно е префрлена во болница во Белград, откако и се слошило.
На несреќната жена, чија ќерка е убиена на насипот во Борча пред повеќе од 6 месеци, здравствената состојба во последните месец дена значително и се влоши и прашање на време е уште колку ќе издржи.
Таа, не сака да ги види сватовите од семејството Марјановиќ, освен зетот Зоран и внуката Јана, а последна желба и е да дознае кој е убиецот на нејзиното единствено чедо.