Мајката на портпаролот на СДСМ прва го слушнала повикот на премиерот Заев и ќе си замине од работното место кое туку што го доби.
И Министерот задолжен за јавната администрација денеска потврди дека роднините на функционерите во власта ќе си заминат од новите работни места откако пред една недела јавно праша, каде да се вработат луѓето од СДСМ ако не во државните институции
И додека се чека роднините на луѓето од власта да дадат отказ на новите работни места, опозицијата обвинува за серија нови случаи на непотизам.
За помалку од еден месец, родините на пратеници и функционерите на СДСМ и ДУИ добија работни места, главно во ЕЛЕМ и МЕПСО за плати повисоки од 40.000 денари.