Мајката на Тања Савиќ: Ќерката не ни дава пари ниту за лекови


Тања Савиќ се оттргна на страна од своите родители, а за тоа сведочи и фактот дека сите пари ги вложува во кариерата, а ним не им дава ниту за лекови.

Пејачката и учесничка на шоуто „Твоето лице звучи познато“, која е во жесток конфликт со мајка си Живана и татка си Станиша, поради куќата која сакала да ја продаде без нивно знаење, неодамна се смири со нив, но односот сѐ уште е студен.1tan.jpg500

Тања ретко ги посетува бидејќи е посветена на сопругот и децата. Нејзината мајка Живана за српските медиуми проговори дека се кае што за својата ќерка изјавила дека е лажга и лош човек.

– Редовно се слушам со Тања. Ние две не се каравме многу. Човек понекогаш може да избувне во незгоден миг, но сега сѐ е во ред. Во секоја куќа има кавги и смирувања. Се каам поради некои работи, но таков е животот, сега се е одлично. Се слушаме за време на викендот, а понекогаш и се посетуваме. Бев неколку пати кај неа во Белград, а некогаш таа ги носи синовите во Радинац.

Таа тврди дека пејачката не им испраќа пари иако се тешко болни.

– Со здравјето не сум најдобро, но туркам. Имам проблем поради зголеменото ниво на шеќер и притисок. Примам терапија, но се сама финансирам, без помош од Тања. Не може да ми плаќа затоа што има свое семејство. Таа има свој живот, ние наш. Ќерката со години не ни дава пари, ниту и бараме, изјави Живана.

Тања не сакаше да даде никаква изјава и кажа дека за своите родители повеќе не сака да коментира.

Извор: Вистина.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1