majka izgoreni deca srbijaМирела Микулчиќ(29), мајка на Ненад(4), Димитрија(3) и Маја(2), кои изгореа во пожарот, е однесена во полициска станица од каде би требало да биде одведена на сослушување во Белград. Собраните докази, како што пишува Блиц, укажувале дека станува збор за кривично дело „предизвикување на општа опасност“ за кое е предвидена казна до осум години затвор.

– Ништо пострашно во животот не сум видел – изјавил сосед на несреќното семејство, Зоран Милиќевиќ, кој со пожарникарите влегол во запалената куќа.

-Ги баравме малечките прво во собата во која беше печката на која се грееја. Никаде ги немаше. Кога го кренавме креветот, под душеците најдовме тоа што остана од нив – изјавил Милиќевиќ.

      dete-nenad-dete-dimitrije-dete-maja-1387402860-414451