Мајката на 16-годишната Анастасија Стајиќ, која заедно со нејзините двајца пријатели загина во БМВ-то кое летна во водите на Дунав, сакала да се фрли од тераса кога разбрала дека нејзината ќерка е мртва, пренесува Ало.рс.
– Беше страшно и потресно, плачеше и ја довикуваше ќерка си, велејќи дека таа била се` на светот за неа. Се залета да скокне но за среќа нејзините роднини кои беа покрај неа реагираа брзо и ја спречија, изјавил извор близок до семесјтвото Стајиќ.
Тој додал дека се уште не се зане кога Анастасија ќе биде погребана и дека целото семесјтво е скршено од болка и нема сила да зборува за трагедијата.
Инаку, Анастасија настрада во саботата околу 3:40 часот наутро заедно со своите пријатели 18-годишниот Немања Антиќ и 20-годишниот Милош Јанковиќ. Истрагата потврди дека Душан Јовановиќ кој управувал со возилото за време на несреќата имал над еден проомил алкохол во крвта и дека воопшто не кочел пред БМВ-то да излета од патот.