Мајката по телефон слушала како синот и гине


Мајката преку телефон слушнала како нејзиниот син гине во сообраќајна несреќа. Семејсвото Станковиќ во Чачак, Србија е во црно откако завчера, 20 г0дишниот Стефан загина во сообраќајна несреќа.

hro-bulevar_620x0

 

Тој минувал улица на несоодветно место во центарот на Белград, кога нанего налетал трамвај кој го турнал под тркалата на Брзата помош која минувала во близина. Во моментот на трагедијата Стефан разговарал на телефон со својата мајка. Несреќната жена не ни помислувала  дека тоа ќе биде последниот разговор со нејзиниот син.

Кога го удрил трамвајот, врската се прекинала. Неговата мајка повторно бирала, но не добила. Се обидела многу пати но безуспешно.

Никој во неговото семејство не знаел дека Стефан загинал. За несреќата дознале од телевизија, на фотографиите мајката ги видела и препознала неговите патики.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1