Мајката починала, таткото ја оставил – едномесечно бебенце го чека тешка судбина


Волонтерите во камп во хрватска ги трогна тажната судбина на мало бебенце кое остана сосема само на овој свет. Во вторникот нејзината тетка ја донела во кампот за бегалци, откако мајката на бебенцето починала веднаш по породувањето.beba-naat-u-opatovcu-majka-joj-je-poginula-tata-nestao-400x600-20151042-20151024110933

Малата Наџат се родила на 23 јуни во сирискиот град Deir ez-Zoru, со 900 грама. Детенцето морало да биде задржано во болница, а само по десет дена кога нејзината мајка со пријателка тргнала да си ја види ќерката, загинала од бомба.

По настанот, таткото не можејќи сам да се справи, ја однел Наџат кај роднини во Турција по што си заминал, оставајќи ги нив да се снајдат за подобар живот.

Во кампот во Хрватска стигнале пред десетина дена. Биле изморени и исцрпени, а детенцето имало само 27 дена. Семејството и понатаму ќе трага по подобар живот. Наџат ја чека долг и тежок пат.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1