СДСМ преку фејсбук најавува нови бомби


Опозиционата партија СДСМ во саботата изутрината преку социјалната мрежа фејсбук најави дека ќе продолжи со објавување на прислушуваните разговори или таканаречените бомби.zoran-zaev1-540x360

Претседателот на СДСМ Зоран Заев на својот фејсбук профил најави објавување на бомбите, а и дел од останати функционери на СДСМ исто така најавија на своите профили објавување на бомбите.

Ваквата најава на опозицијата уследи по ноќешните разговори меѓу лидерите на четирите политички партии, на која не беше постигна договор, но посредникот Питер Ванхауте истакна дека било договорено тој да има билатерални преговори со партиските лидери.

Засега нема информација кога точно би се објавила следната бомба, ниту на која тема таа би била.

СДСМ стави мораториум на објавувањето на бомбите по првиот договор во Пржино на 2 јуни.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1