Се самоуби Џејк Бејли, човекот што го шминкаше половина Холивуд


Шминкерот на најголемите светски ѕвезди Џејк Бејли,  извршил самоубиство, јавуваат светските медиуми. Мејкап артистот бил пронајден во неговиот дом во Лос Анџелес, а починал од труење со јаглерод моноксид.rs_1024x759-140916132206-1024-2Jake-Bailey_ls_91614

Телото во петокот го пронашол неговиот асистентт, кој повикал брза помош. Засега се смета дека Бејли извршил самоубиство, пишува порталот „ТМЗ“. Шминкерот имал 37 години, и импресивна кариера.

Тој веќе со години  е еден од најпознатите шминкери во шоубизнисот. Меѓу постојаните клиентки му биле Кејти Пери, Селена Гомез, Наоми Вотс, Џулијан Мур, Парис Хилтон, Анџелина Џоли, Оливија Вајлс, а ја шминкал и Мараја Кери.

Многу од нив со него се дружеле приватно и објавувале заеднички фотографии на социјалните мрежи.selena-gomez-jake-bailey-makeup-artist-suicide-lead

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1