СДСМ : Здравствен хорор во Гевгелија- двајца анестезиолози биле под дејство на алкохол


Невиден скандал е во 21 век здрава мајка и нејзиниот плод да го изгубат животот заради хаос во здравствениот систем, велат од СДСМ Гевгелија.gevgelija1

Според нашите информации, не еден, туку двајца анастезиолози, биле под дејство на алкохол. Гевгелиската болница е слика за хаосот во здравството. Опремата е застарена и неисправна, а здравјето на граѓаните е изложено на несигурност.

Зошто оперативниот зафат на несреќната родилка бил закажан ноќе кога таа уште утрината била примена на одделение, со уредни здравствени наоди? Пак ли некој сметал дека ноќниот труд повеќе се исплаќа од дневниот, па имало доволно време да посегне и по некоја капка алкохол за стимилација. Тоа е недозволиво!

Детскиот диспанзер веќе одамна нема специјалист педијатар, па услугите ги изведува доктор од приватна здравствена ординација. Старосната структура на сега вработените најавува скорешен дефицит на специјалистички кадар и во нервното, кожното одделение, а екипата за Брза помош веќе подолго време ја пополнуват со дежурства доктори од приватните установи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1