Дојран завиен во црно, судска медицина ја заврши обдукцијата на трудницата Маја


Дојран завиен во црно. Плач, болка и неверување од најблиските на дојранчанката Маја која во четвртокот вечерта со нејзиното новороденче не излегоа од операционата сала на гинеколошкото одделение во гевгелиската болница, пренесува Канал 5.

Kanal 5

Kanal 5

Река народ денеска пристигнуваа во семејната куќа да се простат од младата мајка и нејзиното новороденче.

Дојранчани велат дека единствено што знаат е дека Маја била здрава трудница која требаше на свет да донесе здраво женско бебе,велат болката на семејството не може никој да плати.

Сопругот на родилката тврди дека сам слушнал дека некој од лекарскиот тим бил во алкохолизирана состојба.kadiev2

Вели дека причината за смртта на сопругата и новороденчето е единствено лекарска грешка.

На судска медицина веќе е завршена обдукцијата, но велат дека ќе ги чекаат резултатите кои ќе ја покажат причината за смртта.

Се чекаат и резултатите од анализата на крвта на анестезиологот и гинеколозите со кои ќе се утврди дали имало присуство на алкохол и недозволени супстанци.

По добивањето на резултатите од обдукцијата како и стручниот надзор ќе бидат превземени соодветните мерки согласно законската регулатива.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1