10 000 потписи за платениот одмор поради бременост наместо сегашните 9 да биде продолжен на 18 месеци. Со собирање на потписи од 20 септември до 7 октомври во сите градови во државата, активистките од граѓанската иницијатива 450 породилно очекуваат дека ќе ја остварат целта – измени во законот за работни односи.
-18 месеци е најиделно за детето, тогаш тоа е доволно психички созреано и може да с еоддлеи од мајката. Очеркуваме поддршка, па ќе видиме, вели Ивана Трајковска активистка во 450 породилно.
Ивана е мајка на две деца и е невработена. Кога поголемата ќерка не успеала да ја запшише во градинка дала отказ од работното место. Вели дека сама ги чува децата и како родител не може ни да замисли да го остави бебето 8 или деветмесечна вораст за да продолжи со кариерата. Затоа целосно се ангажирала нивната иницијатива да биде успешна.
-Сама ги чувам и мислам дека не е убаво многу мали да с еоставаат а ние имаме проблем и со патолошката бременост па на жени кои се на патолошка им кратам минимум п одва месеци и уште кога бебето е седумесечно, мора да се вратат на работа, вели Ивана.
Со продолжувањ ена породилното отсуство, од граѓанската иницијатива велат дека мајките подолго време ќе можат да вложат во воспитувањето и следењето на развојот на новороденчињата. Нивната прва инцијатива во Собранието од пред неколку месеци беше одбиена од пратениците поради неуредност. Сега очекуваат на наидат на разбирање на државните институции.
Во некои земји платеното отсуство од работа поради бременост е 18 и 24 месеци, но има земји каде е пократко и од македонскиот закон.
Sitel.mk