Еден мајмун од северот на Индија предизвикал метеж и ги вчудоневидил минувачите во градот Шимла откако од кров на зграда почнал да фрла пари, јавуваат индиските медиуми.
Мајмунот со купче пари в рака се качил на зградата. Тој украл 10.000 рупии (130 евра) од раководител на градилиште, кој извадил пари за да ги исплати работниците.
Очевидец видел како пари летаат од кровот и пришол да собере две пари од по 100 рупии.
Работниците на градилиштето залудно се труделе да го фатат мајмунот, кој им пркосел со фрлање пари од кров, а потоа се преселил на дрво и продолжил „великодушно“ да дели пари на минувачите.
Индиската влада неодамна обучи 40 лица маскирани како мајмуни и со гестови налик на нивните да ги бркаат мајмуните кои шетаат околу зградата на Парламентот во Њу Делхи.