МВР потврди: Урко е суспендиран


Телохранителот на премиерот Никола Груевски, Дејан Митровски Урко е суспендиран од работното место, потврдил портпаролот на МВР, Иво Котевски за Плусинфо.

Котевски за порталот изјавил дека станува збор за интерна потапка, а за повеќе информации  упатил на Владата.

urko2Владиниот порталрол Александар Георгиев денеска на прес конференција рече дека нема што да додаде на оние информации кои се веќе објавени во медиумите и дека останува на изјавата дадена од МВР.

Дневник вчера објави дека Урко е суспендиран поради недоволна посветеност и непочитување на професионалните стандарди.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1