Најмалку 20 лица се убиени, а други 50 се повредени во оружените судири на две спротивставени групи, во Либија, откако едно мајмунче- домашно галениче, нападна ученичка.
Судирите избувнале во градот Сабха, во јужниот дел на оваа северноафриканска земја, во сахарското подрачје
По инцидентот со мајмунчето, родителите на нападнатото девојче побарале одмазда, по што биле убиени тројца млади, како малото животно.
Веднаш потоа се развила жестока пресметка меѓу двете спротивставени групи на Авлад Сулејмани и Гуедарфа во кое било употребено тешко оружје.
Во судирите биле употребени дури и тенкови, ракети и минофрлачи, па известувачите за либиските медиуми и за странските агенции стравуваат дека бројот на загинатите и на ранетите, може да биде многу повисок.
Првите тројца убиени млади луге и припаѓаат на истата заедница на Гуедарфа на која и припаѓаше и соборениот и потоа ликвидиран, поранешен лидер Моамер Гадафи.
Според сознанијата од теренот, „војната„ започнала затоа што мајмунчето и ја симнало на ученичката шамијата од главата и лесно ја изгребало.
Судирот и нетрпеливоста меѓу двете заедници била долготрајна и од поодамна.
Градот Сабха се означува како важен центар на патот на ѓверцерите на луге и на оружје, на југот од земјата каде власта во Триполи нема никаква контрола.
Либија се наоѓа во хаотична состојба, без централна власт и контрола на границите, уште од соборувањето на Гадафи, во 2011 година.