Макдонската Анџелина Џоли – Секси Симона има нова песна


Симона Попоска атрактивната пејачка којашто е дел од дуото “Саунд Месинџерс” заедно со диџејот Ерик Фокс, деновиве сними нова самостојна песна на македонски јазик. Станува збор за нумерата “Не е најдобро”, за која направи и видео запис.

10482225_774510145924669_1905584290246395982_n

“После макфестовската “Како да заборавам” повторно снимив песна на македонски јазик која е дело на Зоран Алексиќ. Снимивме и спот, во изработка на докажаните “Томато продукција”,снимањето помина одлично во многу позитивна атмосфера и едвај го чекам крајниот резултат, вели младата пејачка. Дека задоволството од оваа соработка е обострано го докажува и фотографијата што Бане-Томато ја постирал на фејсбук под која ја нарече македонската Анџелина Џоли. Angelina Jolie#simona#new#video

За стајлингот во видеото се погрижила креаторката Александра Митковска, а за шминката и фризурата заслужни се вештите раце на стилистот Бобан Тодоровски.

“Мојот стилист Бобан, како и секогаш, повторно е задолжен за мојот изглед. Тој знае што сакам, одлично соработуваме, ме следи на сите мои настапи и јас потполно му се препуштам, додаде Попоска.

Песната за десеттина дена ќе биде промовирана во музичкиот етер заедно со видео записот.

Simona fot

Паралелно Симона и Ерик работат и на песните на англиски јазик, во моментов се актуелни со хитот “Endless love” за која исто ќе се снима спот.

Снимија и нова заедничка фотосесија со фотографот Јанус Т, а се доста активни исто и со нивните настапи по ноќните клубови и денските шеми во кафулињата во Скопје и низ цела држава.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1