Кошаркарите на Олимпијакос меѓу кои и Перо Антиќ од претседателот на Грција добија медал за заслуги.
По повод освојувањето на пехарот во Евролигата, кошаркарите на Олимпијакос беа на прием кај претседателот на Грција Каролос Папуљас. Стручниот штаб и сите играчи, меѓу кои и нашиот Перо Антиќ добија медал за заслуги од првиот човек на државата. Од друга срана, претседателот Папуљас доби топка потпишана од сите играчи и дрес со неговото име и бројот 1.
За потсетување Олимпијакос го освои пехарот во Евролигата втор пат во низа.