Мики Трпковски, вчера утрото со неговата девојка Алис Деси, возејќи велосипеди, беа прегазени со автомобил од пијан возач во холандскиот град Гус, објави Курир.мк.
Триесетгодишниот Мики и три години постарата Алис ја преминувале улицата со велосипед во 4:15 часот утрото, кога на нив налетал 19-годишник зад управувачот на „пежо 206“. Двајцата велосипедисти загинале на самото место, а возачот продолжил со тешко оштетеното возило пред конечно да запре малку понатаму. Уапсен е и одведен во полициска станица, каде што е утврдено дека бил пијан.
„Семејството сака да го пренесе Мики во Македонија колку што може побргу, но тоа нема да оди толку лесно. Се надеваме дека ќе може да замине од аеродромот ‘Шипхол’ во четврток или во петок“, изјави сестрата на Алис, Сара Деси.