Mакедонец на таен состанок во Солун рамо до рамо со Папaндреу и Сорос?


На таен состанок под силно обезбедување, во ексклузивен хотел во Солун, во организација на Рокефелер, присуствувал и претставник од Македонија, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.Програмата и улогата на учесниците на состанокот, на кој што свој говор одржал и поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу, засега останува мистерија, пишува порталот “Њузбомб”.

32132Иако не е потврдено, порталот пишува дека таму присуствувал и за македонската јавност добро познатиот Џорџ Сорос, чија фондација во Македонија е предводена од Владимир Милчин, поранешен член на СДСМ за кој неодамна комисијата за верификација на фактите утврди дека бил соработник на тајните служби во комунистичкиот режим.

Фондацијата “Сорос” во Македонија се јавува како финансиер на медиуми, новинари и невладини организации. Организацијата “ Граѓани за европска Македонија ГЕМ ” , кои што македонската јавност ги запозна преку трибините на кои што заговараа промена на уставното име, поранешната телевизија А1, како и некои здруженија кои што се јавуваа како организатори на протести насочени главно против проектите и политиките на владеачката ВМРО-ДПМНЕ, а во прв ред против проектот Скопје 2014 та, се дел од субјектите финансирани од Сорос.
На тајниот состанок во Солун  присуствувале околу 53 лица – политичари, технократи, бизнисмени и претставници на невладини организации.
Нет прес
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1