На американскиот натпревар во рибарење, во конкуренција од 186 натпреварувачи од цела Америка, првото место го освои Македонец.
На натпреварот кои се одржува секоја година на реката Манести, Мичиген, и се лови калифорниска пастрмка, 33-годишниот Владимир Јовановски, кој бил единствен кој не е американец на натпреварот, убедливо ги победи американците, пишува Нова Македонија.
,,Се користеше секаква техника а јас лично користев трска од пет метри на бели ларви. Првата и најголема риба ја фатив по четвртото фрлање околу 3.45 часот утрото. Борбата со неа беше околу 6 – 7 минути по што ја сместив на сигурно. По овој улов се до 3 часот попладне извадив уште 5 други риби но беа помали, од 100 грама до половина. Со вкупниот улов го освоив првото место – вели Владимир за „Нова Македонија“.
Иако американците со кои се натпреварувал биле многу добро опремени а имале и повеќе искуство сепак среќата повеќе го послужила нашиот Владимир.
,, Роден сум во Тетово а рибарам од мојата 4 година затоа што мојата мајка е од Охрид. Таму секое лето по цело време бев на езерото каде го усовршував риболовењето. Но, најголемата вештина за ловење речна пастрмка, на Вардар и Радика, ја научив од мојот, сега веќе починат татко, Драганче Јовановски и овој трофеј го посветувам токму него и го освоив во негова чест – додава Јовановски.