Директорката на училиштето каде што предавав отворено ми кажа дека со моите ставови ~ правам проблем, а колегите ме предупредија дека за мене е подобро да си одам или во Македонија или во некоја од европските земји, објаснува С.K. од Драма, кој 4,5 месеци чека азил во Прифатниот центар за азиланти во скопско Визбегово
Последните 6 години трпев притисок, кој повеќе не се издржуваше. Засекогаш заминав од Грција и цврсто сум одлучен да си ја најдам среќата во Македонија. Грчката тортура повеќе не беше поднослива, ја почнува својата приказна 46-годишниот С.K., Mакедонец по потекло, кој веќе 4,5 месеци живее во Прифатниот центар за азиланти во скопско Визбегово.
Седиме во една од просториите во центарот за азиланти. С.K. зборува тивко и тешко. Не знае добро македонски, но инсистира да зборуваме, вели сака да научи оти намерата му е да остане засекогаш.
Има сигурен став, изгледа мошне средено и културно, но на неговото лице е очигледен стравот што го прогонувал последниве години за на крајот да го донесе во Македонија.
За тебе во Грција е опасно
Нашиот соговорник живеел во Драма, а неговите родители се во Kостур, каде што е роден и тој. Работел како професор по технологија и предавал во неколку средни училишта. . Има брат, кој живее во Атина и е позната јавна личност.
– Беше избезумен. Ми рече „ќе те убијам“, ми ја уништуваш кариерата. И оттогаш не комуницираме. Добивав закани и од прв братучед, кој работи во грчка агенција за безбедност, но едноставно не успеаја да ме премислат – додава тој.
– Би работел што било, за почеток сакам нешто лесно, би бил хигиеничар, за да го усовршам македонскиот. Сигурен сум дека ќе успеам – вели С.K.
– 46-годишниот човек дошол во Македонија на 15 јуни годинава и следниот ден поднел барање за азил. Постапката е во тек и се прават сите потребни процедурални проверки – вели помошник-министерот за односи со јавноста во МВР, Иво Kотевски.
Целата сторија на – Дневник