Тони од Кавадарци имал список за одмазда – на него и политичари


Тони Станоев, осомничениот за тројното убиство во Кавадарци имал долг список со лица на кои сакал да им се одмазди. Според тврдењата на кавадаречката чаршија, изминатите два дена додека траеше потрагата по него многумина живееле во страв, пишува порталот Проверено

Полициско обезбедување освен пред домот на неговата поранешна сопруга каде беше извршено тројното убиство и пред неговата семејна куќа имало на уште неколку локации.toni

Неофицијалните информации се дека Станоев упатил закани за ликвидација и до вработени во кавадаречкиот суд. Закани добивале и претставници на локалната власт. Тони Станоев сметал дека многумина се виновни за неговата судбина.

Иако пукал прецизно и со по само еден испукан куршум ги ликвидирал жртвите тој сепак при апсењето барал одговор од полицијата дали некој преживеал.

По неговото апсење во Кавадарци се чувствува олеснување. Стравот изминатите два дена ги мачеше жителите на градот од Тиквешијата, бидејки беше познато дека Тони шета со пиштолот в рака. За среќа двата преостанати куршуми не ги искористи.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1