Македонец од ИСИС осуден на доживотен затвор


На четворица џихадисти, меѓу кои и најпознатиот македонски џихадист Мухамед Зекири, Судот во Анкара им определи казна од речиси 500 години затвор за убиство на три лица во март 2014-тата година, пренесува Анадолија.zekiri

Зекири, кој по потекло е од Охрид, заедно со двајца соборци, Косоварите Чендрим Рамадани и Бенјамин Ху, се осудени за терористичкиот напад што пред две години како припадници на Исламската држава го изведоа во Анадолија.

Тие се осудени за убиство со умисла и за тоа што се членови на вооружена терористичка организација.

Тие убија три лица: офицер, полицаец и камионџија. На 20 март 2014 година, на автопат кај градот Нигде, тројцата сега веќе осудени, отворија оган врз полициски пункт за време на рутинска контрола, а потоа грабнаа камион и го убија возачот во обид да и побегнат на полицијата. Во престрелката напаѓачите беа ранети и уапсени. Судот во Нигде на тројцата им одреди вкупна казна затвор од 422 години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1