Канадската полиција трага по Борис Пановски (70) поради сомневање дека го убил својот колега Донат Фриго (70) од Торонто. Се претпоставува дека Пановски веќе побегнал од Канада и дека се крие во Куба, на Карибите, во Македонија или Хрватска, пишува МКД.мк.
Канадските медиуми јавуваат дека причина за убиството била кавгата помеѓу двајцата пријатели, одгледувачи на кучиња. Пановски на Фриго му го продал расниот птичар Силвер, кој потоа станал голем шампион и добивал парични награди. Пановски пак бил во голема криза, па дошло до расправија меѓу нив.
Пановски го убил Донат пукајќи во него, а сопругата на жртвата успеала да побегне. Тој и порано има проблеми со полицијата, па затоа му било забранувано да учествува на натпревари за кучиња.