Македонец почина во американски затвор, откако неможејќи да плати 750 долари за сообраќен прекршок во Детроит, доби 30 дена затворска казна, пренесува Курир
Триесет и две годишниот Давид Стојчевски за околу две недели во затворот. Тој загубил 25 килограми, а како зависник од метадон бил префрлен во сам во ќелија со 24 часовен надвор поради превенција од евентуални нагони на самоубиство. Според правилата, во таа ќелија тој е сосема гол.
На видеото се гледа дека Давид почнува чудно да се однесува, да халуцинира, да се тресе и никој не реагира на тоа за да го преместат во т.н. детокс ќелија.
Семејството на Давид една година по неговата смрт поднесе тужба против државата. Тие тврдат дека надлежните затворски службеници не реагирале соодветно иако цело време гледале што му се случувало на Давид во ќелијата.
Дури откако семејството поднесе тужба, случајот се појави во јавноста заедно со видеото од тоа што му се случувало на Стојчевски во затворот.