Чавков: Македонија засега успешно ја менаџира кризата со бегалците


Засега нема влијание случувањето на српско-хрватската граница, на дневна основа ги следиме случувањата и во поширокиот во реигионот. Имаме развиено акциски план во кој се утврдени и среднорочни мерки, така што не исклучуваме и влијание на трендовите во Република Македонија поврзано со миграциските процеси.

mitko cavkov

Ова е одговорот од министерот за внатрешни работи Митко Чавков на новинарско прашање дали ќе има влијание состојбата на границата меѓу Србија и Хрватска врз состојбата со справувањето со мигрантите кои транзитираат низ Македонија.

Тој потенцира дека Република Македонија засега успешно ја менаџира кризата со бегалците.

Во врска со 17-те милиони евра одобрени од ЕУ за Македонија и за Србија, министерот Чавков истакна дека секоја финансиска помош е добредојдена.

– Факт е дека досега бевме оставени сами на себе, меѓутоа со интензивна меѓународна активност од страна на МВР и МНР, заедно со добар дел од политичарите и лидери од европски држави кои беа во посета на Републикиа Македонија, успеавме да го свртиме вниманието и да сфатат дека Македонија е дел од решавањето на проблемите со миграциските процеси, а нашите напори кои се вложуваат се максимални согласно нашите капацитети, појасни меѓу другото Чавков.

Според министерот за внатрешни работи, фактот дека има засилени мерки и активности што значат редукција на движењето од  Србија кон Хрватска, кон Унгарија, од Хрватска кон Словенија…, ќе има одредено влијание и покрај тоа, нагласи Чавков, се очекува и  временските прилики да имаат исто така влијание на динамиката и трендовите на миграциските процеси и низ Република Македонија. Во тој контекст, подвлече, се изработуваат и соодветни сценарија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1