Македонец протеран од Хрватска на 5 години – еве зошто


Полицијата од Пула поради вознемирување на фока, поднесе пријава против 56-годишен македонски државјанин.

Имено, вчера околу 15:30 часот Македонецот бил во посета на посебна плажа со едукативен дел за забрана за вознемирување на строго заштитените животни, особено фоките.

Од големиот број на посетители, се издвоил Македонецот . Тој преминал преку лентите за забрана за движење, се доближил до една фока и почнал да ја удира. Неколку пати ја удрил во грбот и таа избегала од плажата во морето.

foka hrvatska

На местото на настанот веднаш пристигнала полиција која утврдила дека македонскиот државјанин го прекршил Законот за заштита на природата. Судот му изрекол казна од 1500 куни, кои Македонецот ја платил на лице место.

Полицијата утврдила и дека овој човек незаконски престојува во Хрватска, бил уапсен и протеран од Хрватска со забрана 5 години да се врати назад.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1