Чист норвежанец а растура македонска музика – слушнете како засвири наше оро (Видео)


Уживајќи во звуците на ова 20-годишно момче никогаш нема да претпоставите дека тој доаѓа од Норвешка. И она што е уште поневеројатно е што е чистокрвен Норвежанец, роден во Осло, без никакви балкански корени. А сепак голем љубител и виртуоз на балканскиот фолклор. Оваа година тој е дел од фестивалот „Илинденски денови”. Настапува вечер во Магазата во 22:30 и утре на Интернационалната вечер во 20 часот. Го прашавме од каде неговата љубов за хармониката, но и за балканската музика, пренесува телевизија Тера.

maja_norvezanec_bjorn-Свирам на хармоника 10 години, а балканска музика 6 години, изјави Бјорн Петер Тосе од Норвешка.

Тој е студент на Музичката академија, но освен тамошните обврски постојано го усовршува балканскиот мелос. За тоа се доказ и многу бројните награди.

-Оваа година прва награда во Норвешка, пред две години исто така, а бев и прва хармоника во Србија, вели тој.

Се почнало со импровизација, а веќе почнал и да пишува свои композиции. Дел од нив ќе ги слушне и битолската публика.
Балканскиот ритам е нешто специфично, заразен е, весел. Нешто што успеа да ја стопли и студената Норвешка. Живеејќи со тој фолклор, тој дури експериментираше и со нешто што го нарекува Моцарт на балкански начин. Нешто што успеа да ги разигра и туристите кои беа во близина.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1