Македонец со двометарски колбаси по рецепт на баба привлекува гости во Нов Зеланд


Готвачот Гоце Најдовски (45) од Сопотница во неговиот ресторан во Нов Зеланд гостите ги дочекува со по една чашка ракија и вода, пишува Дневник.

goce kolbasИм објаснува од каде потекнува обичајот и им посакува добредојде. И така ги плени. Повеќето од нив стануваат редовни муштерии на ресторанот „Бела Бамбина“ во Ротсеј Беј, Оукленд. На нивната интернет-страница пишува дека нудат италијанска храна, јадења што потекнуваат од Македонија, Грција, Бугарија, Русија.

„Готвачот е Македонец и ужива да ги дочекува гостите со ракија – македонски пијалок што потсетува на грапа или сливовица. Ќе уживате во топлата семејна атмосфера. Има и бесплатно изненадувања за децата – топло чоколадо и сладолед“, пишува на страницата на ресторанот.

Најдовски завршил угостителско училиште во Kрушево. Отишол во Нов Зеланд пред повеќе од десет години. Вели дека живеел во Австралија, Kина, Швајцарија, Италија, Германија, Австрија и во многу други земји. Решил во Нов Зеланд да помине година, две, да види како е.

– Ама многу ме бендиса и останав. Се запознав со сопругата, која по потекло е од Kина и по една година ни се роди ќеркичката Марија. Така полека пуштив корени во Нов Зеланд и останав долго. Иако сум тука со телото, мојата душа уште е во Македонија. Ми недостасуваат роднините и пријателите – вели тој.

Целиот текст прочитајте го тука.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1