Македонец уапсен – крадел фотографии од Фејсбук на две девојки и ги објавувал на порно-сајт


Секторот за Компјутерски Криминал и Дигитална Форензика при МВР поднесе кривична пријава против 35 годишен маж кои влегол во профилот на две млади девојки на фејсбук им ги украл податоците и фотографиите а потоа ги постирал на сајт со порно содржина.majka-facebook-39550

Тој без согласност ги прибавил корисничките податоци од профилите на двете девојки на возраст од 18 и 20 години на социјалната мрежа „Фејсбук“, и истите активно ги користел во повеќе наврати при што направил злоупотреба на нивните лични податоци на интернет. прибавувал фотографии од нивните профили, и ги постирал на ВЕБ страна која што споделува материјали со порнографска содржина, со што сторил кривичното дело.

Веднаш по доставувањето на пријавата од страна на девојките до Секторот за Компјутерски Криминал и Дигитална Форензика полицијата превзела активности за да утврди кој е корисникот на профилот на ВЕБ странатата која што споделува материјали со порнографска содржина од кој биле поставени сликите на девојките.. По прибавување на доказите и анализа откриено е дека  сега пријавениот 35 годишниот македоец Ј.К. стои зад овие профили и тој постирал вкупно 68 фотографии (кои не се со порнографска содржина) од двете оштетени девојки.

Пријавувајте навреме доколку имате сознанија дека некои ви ги злоупотребува податоците на фејсбук и другите социјални мрежи. Ова не е прв случај во макеоднија полицијата да поднесе пријава против сторители кои злоупотребувале податоци и влегувале во профили на фејсбук и твитер.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1