Македонец убил пријател додека правеле „селфи“ со сачмарка во Мелбурн


Дваесетгодишен Македонец во Австралија го застрелал и го убил својот пријател додека позирале со сачмарка за да се сликаат, во мотел во градот Мелбурн, пренесуваат светските медиуми, објави Мета.Albert-Rapovski

Настанот, се случил на почетокот на март годинава, а вчера почнал судскиот процес во врска со случајот. На рочиштето, обвинетиот Македонец, Алберт Раповски, се изјаснил за виновен, а судот му го продолжил притворот до следното сослушување.

Според документите изнесени пред судот, Раповски и неколкумина негови пријатели, меѓу кои и 22-годишниот Махамд Хасан, на 5 март се собрале во соба на мотелот „Парксајд ин мотел“ каде донеле пушка – сачмарка и почнале да си играат со неа.

Хасан, наводно, му кажал да Раповски да го испразни оружјето за да не застрела некого. Според полицијата, Македонецот ја отворил пушката, а еден од неговите пријатели од неа извадил два патрони.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1