Маж во Кичево ранет од куршум додека играл фудбал


Вчера во 21 часот во Кичево во спортски центар, 22-годишниот Б.Р. од Кичево бил погоден во десното стопало од залутано зрно од огнено оружје додека играл фудбал во објектот. На ранетиот веднаш му била укажана помош во Медицинскиот центар во градот каде му е констатирана телесна повреда и е пуштен на домашно лекување.kursum

Истиот ден околу 17 часот во Гостивар во дворот од куќата сопственост на И.А.(54) паднал проектил испукан од огнено оружје. Додека тој работел во дворот, во негова близина, проектил испукан од огнено оружје удрил во столбот на оградниот ѕид на дворот и паднал на тревата. На оддалеченост на околу десет метри од местото каде што удрил проектилот бил и Т.А. (32). За среќа во овој инцидент нема повредени

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1