Работник на патарина во Хрватска усреќил Македонец кој ја загубил чантичката со пари.
Ѓорѓе Спасов од струмичкото село Радичево пред неколку дена на наплатна рампа на автопат во Хрватска си ја платил патарината, тргнал кон својот автомобил, но не забележал дека му испаднала торбата во која имал пасош и околу 200.000 денари.
Четириесет и четиригодишниот Хрвоје Билиќ ја забележал торбичката, во која покрај парите имало и два пасоша.
Кога по еден час, Ѓорѓе тргнал назад по торбичката, не се ни надевал дека ќе ги најде парите. Но, имал среќа што таа завршила во рацете на чесниот работник.
Ова не е прпат Вилиќ да ја покаже својата човечност, пишува хрватски „24часа“. Неговите колеги велат дека тој по шести пат наоѓа големи суми на пари и им ги враќа на оние кои ги изгубиле. Пред некоја година ја добил и награда „Гордост на Хрватска“.
– Ме спасивте. Тоа ми беше целата заработка која ја донесов од Швајцарија каде работев неколку месеци. Не знам како да ви заблагодарам – велел Ѓорѓе низ солзи, но Хрвоје не сакал ниту да чуе за било каква награда.
– Одете дома и израдувајте ги најблиските за Велигден. Тоа ќе ми биде најголема награда– рекол Хрватот.
Kurir.mk