МАКЕДОНЕЦОТ БИЛ САРАВИНОВСКИ ВМЕШАН ВО КОРУПЦИСКИ СКАНДАЛ


Македонската дијаспора повторно е интересна за австралиските медиуми. Неколку недели истражуваат дали македонецот Бил Саравиновски кој до неодамна беше градоначалник на градот Рокдеил е вмешан во корупциски скандал.

Според пишувањата  на весникот од Нов Јужен велс, „Сандеј Морнинг Хералд“, актуелниот советник во локалното собрание, најверојатно гласал за изградба  на еден од најконтраверзните станбени објекти, пренесува Телма.

bil_saravinovski_herald

Весникот уште минатиот месец го поврзувал поранешниот градоначалник со македонско поткело, дека по усвојување  на проектот за изградба на повеќе апартмани, неговата компанија добила право за  продажба на дел од становите.

Токму заради тоа, медиумите се сомневаат дека тој гласал  овие стенбени објекти да добијат дозвола за уште неколку ката иако претходно тоа било одбиено и не било прифатено од жителите кои живеат во тој кварт.  Но, по истрага на независна комисија  утврдено е  дека Саравиновски пред и за време на усвојување на проектот во 2005  година  не бил поврзан со инвеститорот па затоа објавиле дека нема  никави незаконски дејствија.

Сепак,  весникот продожил со својата истрага па  во едно од последните изданија тврди дека Саравиновски повеќе од 20  години се познавал со бизнисменот кој добил дозвола за градба на апартманите.

sarafinovski

Во прилог на своето тврдење на нивната интернет страница приложија и видео запис на кој, според нив, се гледа дека Саравиновски користи јахта токму на бизнисменот за кого тврдел дека не се познава, и тоа за пречекување на гости од Македонија, наведува весникот.

Но, неговите адвокти со писмо до весникот објавиле дека Саравиновски организирал  крстарење за македонската заедница и гости од Македонија, за што лично платил, но не бил поврзан со наведениот изнвеститор на градабта. Со богата  гозба на јахтата од богатиот градежен инвестиор Саравиновски го пречекува и градоначалникот на Прилеп Марјан Ристевски.

Ристески тврди дека првпат слуша за обвинувањата кон Саравиновски, а вели дека тој него прв и последен пат го видел кога престојувал во Австралија.

– Не сум го слушнал Бил повеќе од година дена и првпат слушам за вакви обвинувања. Не знам дали се точни вашиоте тврдења, но станува збор за иселеник кој таму бил градоначалник, изјави Ристески.

Минатото лето Бил Сараиновски беше во Македонија и се сретна со претставници на власта.. Беше прогласен за почесен  граѓанин на Новаци и доби награда за хуманост од асоцијацијата Мајка Тереза.

 Извор – Телма.мк

bil_saravinovski_herald

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1