Македонецот што крадеше скапи „ролекси“ осуден на доживотен затвор (Видео)


Македонскиот државјанин Ѓерѓи Ѓин (36) и петмината членови на балканска криминална банда се осудени на доживотен затвор за ланскиот грабеж во кралството Бахреин на 1.4 милиони долари вредните „ролекс“ часовници, пренесува Faktor.mk.

Судот вчера ги прогласил за виновни сите шестмина обвинети за милионскиот грабеж – двајца Kосовци, двајца државјани на Албанија и по еден од Србија и од Македонија. На крадците им е досудена најстрогата затворска казна за кражбата на часовниците, за нападот на чуварот и за бегството со фалсификувани документи надвор од земјата.makedonec kradec bahrein

Kрадците с` уште не се фатени и по нив трага и Интерпол. Инаку според пресудата, само за кражбата на 80 „ролекс“ часовници тие се осудени на по 25 години затвор, но поради фактот дека се во бегство, дека сториле и низа други кривични дела во текот на грабежот, судот им досудил најстрога казна.Bahrain-recovered-Rolexes2_sqligallerysliderImage-564x272

По грабежот, полицијата врз основа на видеоснимките од безбедносните камери во трговскиот центар во Бахреин, ги идентификува осомничените. Потерници беа издадени по Алију Рахман (30) од Србија, Франи Петрит (32) и Дедај Астрит (23) од Албанија, Екрем Гаши (35) и Абази Гентијан (24) од Kосово и Ѓерѓи Ѓин (36) од Македонија. Само два часа по грабежот тие го напуштиле Бахреин. Земјaта отворено бара помош од државите од каде што потекнуваат крадците да ги пронајдат и да ги екстрадираат. Шефот на бахреинската јавна безбедност, генерал Тарик ал Хасан, вели дека во работат на екстрадиција на осомничените.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1