Македонија ќе плаќа една од највисоките еколошки такси во Европа


Еколошка такса има секаде ама во земјава ќе биде меѓу највисоките. Споредбата го покажува следното:

Во Франција ваква такса е воведена во 2017 година. Таа изнесува 6,5 евроценти за литар бензин, но цената варира во различни региони. За дизел изнесува 5,3 евроценти за литар.

Во Германија за дизел се наплаќа 4,5 евроценти за безоловен 6,5. Во Холандија екотаската изнесува 7,6 евроценти за литар бензин и 4,8 за дизел. Во Велика Британија таа изнесува 5,7 евроценти.

Во плановите на Владата за еко таксата стои дека таа ќе изнесува 3,5 денари за литар бензин или дизел или 3,1 денар за литар безоловен. Странските медиуми веќе ги предупредија своите граѓани кои ќе патуваат во земјава дека од 01 јули во Македонија ќе се наплаќа дополнителна такса од 5,7 евроценти за литар гориво.

Македонските превозници се жалат дека покрај новата такса која ќе им ги зголеми трошоците, на име екологија плаќаат уште редица ставки.

Во различни земји парите во еколошките такси различно се користат, некаде се слеваат директно во буџетот, некаде во посебни фондови и се користат за еколошки прокети. Таков е планот и на макеоднската владата која годишно планира да собира 50 милиони евра од новата давачка.

Зелената такса, тогаш кога ќе биде воведена освен што ќе влијае на цените на многу стоки и услуги, ќе го зголеми и уделот што си го наплаќа државата од малопродажната цена на горивата. И во овој контекст земјава е меѓу најскапите. Лани дури 57% од парите што сме ги плаќале за литар бензин оделе на сметка на државата. Глобалниот просел е 50%, а во Канада тој е најнизок и изнесува само 35% од вкупната цена.

Sitel.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1