„Македонија блокира“ бара нивни претставници да присуствуваат на пленарната седница за уставните измени


Членови на граѓанското здружение „Македонија блокира“, кои протестираат пред македонското Собрание против уставните измени, побараа од полицијата да пушти тројца нивни претставници, кои ќе присуствуваат на пленарната седница и ќе им ги пренесат пораките од протестот на пратениците.

Тие од собраниското обезбедување биле известени дека седницата е одложена за попладнево во 16 часот.

– Им порачувам на пратениците да излезат овде и да ни се приклучат. Парите се трошат, но во историјата ќе бидат запишани како предавници. Македонија ќе опстане, дали денес или утре, Македонија била и ќе биде, рече Драган Угриновски од „Македонија – блокира”.

Жарко Гроздановски од здружението „Христијанско братство“ го повика претседателот Ѓорге Иванов да им се придружи на протестот и да прогласи воена состојба, бидејќи пред него лично Зоран Заев дал гаранција дека нема да го промени името и уставот на Република Македонија, а доколку тоа не го направи, нагласи дека, и тој влегува на листата на предавници.

Претседателот на „Единствена Македонија“ Јанко Бачев изјави дека нивни член е на разговор со претседателот Иванов во неговиот кабинет.

– Ова е само првата фаза. Ова е полесниот пат денеска да ги спречиме да го извршат националното предавство. Меѓутоа, има уште еден пат што дополнитено ќе следи, доколку ова не успее. Ова е марионетска власт која не сака да го почитува народот. На 30 септември народот јасно си кажа. Затоа, дали треба да и дозволиме на оваа збирштина да избрише се што е македонско, рече Бачев на протестот.

Денешниот протест е организиран од граѓанските здруженијата „Tврдокорни” и „Македонија блокира“. Улицата пред Собранието е целосно блокирана, а се забележува и зголемено присуство на полицијата.

Протестот, како што велат организаторите, ќе трае се додека не заврши пленарната седница, ќе вршат притисок и нема да дозволат да бидат усвоени уставните измени.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1