Македонија го испрати Трајче во големото финале на „Пинкови ѕвездички“


Вчеравечер се одржа втората полуфинална вечер на „Пинкови ѕвездички“, а нашиот претставник Трајче Ѓоргиев си обезбеди место во самото финале.trajce_pinkovi_zvezdi-1728x800_c

Нашата ѕвездичка настапи со песната „Зошто отиде“ од Тоше Проески и повторно успеа да ги придобие гласовите на публиката и да се пласира во големото финале.

Финалето ќе се одржи на 26-ти јуни.

Шоуто мораа да го напуштат двајца од 14-те учесници и тоа Дуња Јеличиќ и Милица Илич, кои инаку имаа феноменални настапи во изминативе 39 емисии и секој пат воодушевуваа со нивните неверојатни вокали.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1