Македонија одбележува 110 години од Илинденското востание, 100 години од Букурешкиот договор, 69 години од првото заседание на АСНОМ и 22 години од прогласувањето независност.
Манифестацијата Научно културни средби „Десет дена Крушевска република“, која годинава се одбележува под слоганот „Една идеја многу победи“ изобилува со богата културно-уметничка програма. Покровител на годинешната манифестација е претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски.
Според Програмата, во текот на денешниот ден ќе биде отварањето на Гумење, а во 12 часот ќе биде положено цвеќе пред споменикот на Дамјан Груев.
Централната манифестација ќе се одржи на Мечкин Камен, кога пред присутните ќе се обрати и претседателот на Владата, Никола Груевски.
Илинден или денот на Св. Илија е голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2-ри август. Покрај огромното религиозно, Илинден има и посебно значење за историјата на македонскиот народ. На 2-ри август започнало Илинденското востание во 1903 година, а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ.
Денес, илинденската традиција е испреплетена со патриотски, фолкорни и религиски симболи, што го прави Илинден еден од најбитните празници во Македонија.