За време на заедничката средба со амбасадорите Василакис и Јолевски, медијаторот Нимиц доставил нов предлог до Македонија и Грција, пренесува канал5.
На средбата на Ист Ривер присуствувал и Џефри Фелтман подсекретар на Обединетите Нации за политички прашања. Според Нимиц причината за присуството на високиот претставник на ОН на средбата е големиот интерес на генералниот секретар на светската организација за изнаоѓање решение.Медијаторот на кратката прес конференција изјави дека на двете страни им предложил нов предлог кој тие ќе го достават на своите влади.
Според Канал5, Нимиц Очекува дека Скопје и Атина темелно ќе го простудираат предлогот и дека ќе ги разгледаат позитивните состојки со што ќе биде отворен пат за отпочнување на сериозни дискусии и конечно решение.
Нимиц е подгортвен да го посети регионот доколку за тоа има потреба но на средбата не било договорено дали продолжението на преговорите за името ќе се случи во Њујорк или во регионот. Тој пред новинарите во Њујорк откри дека по последната посета на регионот во Јануари добил повратни информации и сугестии од двете страни по што ги рафинирал предходно дадените идеи. Нимиц во последниве 3 месеци имал редовна комуникација со двајцата преговарачи. Очекува наредната рунда разговори да се случи за два месеци односно пред јунскиот самит на Европската унија.
Според медијаторот покрај најголемито дел од европските земји за преговорите се заинтересирани и САД но и држави од други делови на светот но не прецизираше кои. Се работи за важно регионално балканско и европски прашање и тоа е причината за големиот интерес за него вели Нимиц.